СЗО: Тестирајте, тестирајте, тестирајте

Директорот на Светска здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус синоќа изјави дека треба да се тестира секој сомнителен случајк на Ковид-19.
– Имаме едноставна порака за сите земји: тестирајте, тестирајте, тестирајте, посочи Гебрејесус.
Тој истакна дека сите држави треба да имаат сеопфатен пристап во борбата против новиот коронавирус, при тоа потенцирајќи оти „прекинувањето на синџирот на пренесување“ е најефикасен начин да се спречи инфекцијата и да се спасат животи.
– А, за тоа да го направите мора да ги тестирате и да ги изолирате (луѓето). Против пожар не можете да се борите со затворени очи и не можеме да ја запреме ова пандемија, ако не знаеме кој е заразен, истакна Гебрејесус.
Тој исто така нагласи дека мерките за социјално дистанцирање можат да помогнат во намалување на пренесувањето на вирусот и да им овозможат на здраствените системи да се носат со пандемијата, додека миењето раце и кивањето во лактото можат да го намалат ризикот од заболување, но мерките сами по себе не се доволни да се искорени пандемијата.
Гебрејесус потсети дека СЗО испратиле речиси 1,5 милиони тестови во 120 држави.
– СЗО советува сите потврдени случаи да бидат изолирани во здраствените институции со цел да се спречи пренесување на болеста и да се обезбедат адекватни мерки.
Тој оцени дека следните денови, недели и месеци ќе бидат тест на нашата одлучност, тест за нашата доверба во науката и тест на солидарност.
– Сите заедно сме во ова. И само заедно можеме да успееме. Така да правилото на играта е: заедно, наведе директорот на СЗО.
Ново на Сител
-

Во Струга на ,,Машка плажа“ пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
-

Голем успех: Елена Наумова освои втора награда и награда за најдобра композиција на „Балкан Фест“ во Бања Лука
