СЗО во следните две недели ќе донесе одлука за кинеските вакцини

Се очекува Светската здравствена организација (СЗО) во наредните две недели да одлучи дали итно ќе одобри употреба на две кинески вакцини против коронавирусот, изјави помошникот директор на оваа агенција на Обединетите нации, Марианџела Галвао Симао.
Таа вчера прецизираше дека СЗО може да донесе одлука за вакцината Синофрам до крајот на оваа недела, додека за употребата на вакцината развиена од компанијата Синовак Бајонтек може да одлучи до крајот на следната недела.
Одобрението на СЗО ќе биде индикатор за регулаторните тела на земјите во светот за безбедноста и ефикасноста на кинеските вакцини и ќе им овозможи да бидат вклучени во програмата Ковакс.
Доколку бидат одобрени, кинеските вакцини ќе бидат првите вакцини од незападни земји што ќе добијат одобрение од СЗО, која досега ги одобри вакцините на Фајзер, Астра Зенека и Џонсон и Џонсон, а оваа недела се очекува одлука за вакцината на Модерна.
Ново на Сител
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
