Таблетата на Фајзер против Ковид-19 ефикасна 89 проценти
Американската фармацевтска компанија Фајзер денеска објави дека нејзината антивирусна таблета против Ковид-19 ја намалува стапката на хоспитализација и смртност за 89 отсто и бара нејзино итно одобрување.
Фајзер денеска ги објави прелиминарните резултати од неговата студија, која беше спроведена на 775 возрасни лица. Пациентите кои го земале лекот заедно со друг антивирусен лек имале 89 отсто намалување на комбинираната хоспитализација или стапката на смртност по еден месец.
Помалку од еден процент од пациентите кои го земале лекот биле хоспитализирани, а ниту еден од учесниците во студијата не починал.
- Ретко е да се види лек, кој е 90 отсто ефикасен и кој сто отсто штити од смрт, изјави научникот Мајкл Долстен.
Велика Британија прва во светот вчера го одобри апчето Мерк против Ковид-19.
Ново на Сител
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина