Тачи ги повика колегите политичари да се јават пред Специјалниот суд
Косовскиот претседател Хашим Тачи ги повика денеска колегите политичари и своите соборци да се јават пред Специјалниот суд за воени злосторства на Ослободителната војска на Косово (ОВК), доколку судот против нив покрене обвинение.
Тој, истовремено, го избегнал одговорот на прашањето што би направил во случај да биде покренато обвинение и против него, додавајќи дека како политичар не сака ништо да преудицира или дава какви било изјави кои би можеле да влијаат на правосудните процеси.
- Тој суд е формиран од косовските институции, со волја на пратениците. Воопшто не е негативно за Косово, туку е предност што го имаме овој суд, со цел сите обвиненија да бидат расветлени, истакна Тачи, потсетувајќи дека додека бил на премиерската функција придонел за формирање на тој суд, што била една од обврските на Приштина.
Запрашан во врска со Заедницата на српски општини на Косово, Тачи нагласи дека „таа нема да биде ниту здружение, ниту невладина организација, но под никакви услови нема да има автономија“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден