Тачи ја одби поканата од Рама за состанокот за „мини-Шенгенот“ во Тирана
Косовскиот претседател Хашим Тачи ја одби поканата од албанскиот премиер Еди Рама за учество на состанокот што деновиве ќе се одржи во Тирана, во рамките на инцијативата за создавањето на таканаречениот „мини-Шенген“ односно на зона за слободно движење на капитал и луѓе меѓу земјите од регионот, а на кој ќе учествуваат премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Тачи преку својата страница на Фејсбук порача дека се додека Србија продолжува да ги негира злосторствата врз косовските граѓани и не го признава Косово како држава, „иницијативите за регионална соработка се сосема бесмислени“.
– Србија изврши геноцид против граѓаните на Република Косово и денес не само што ги негира своите злосторства, туку продолжува да не го признава и постоењето на нашата држава. Во една таква ситуација, повиците и иницијативите за регионална соработка се сосема бесмислени, изјави Тачи.
Косовскиот претседател му се заблагодари на Рама за поканата и му изрази признание за поддршката што ја дава на Косово, но нагласи дека неговата земја „и натаму се соочува со сериозни пречки во конститурањето на својата државност“, кои ги создава Србија „на сите можни начини“.
– Околностите кои го оневозможија учеството на Република Косово на првата средба одржана во Нови Сад и на втората одржана о Охрид не се сменети. Следствено, јас како претседател на Република Косово, од името на државните институции одбивам да учествувам на третата средба од тој формат што ќе се одржи во Тирана, напиша Тачи.
– Србија и Босна и Херцеговина не ја признаваат косовската држава. Тоа подразбира дека не сакаат добрососедски односи и соработка со Косово. Затоа, се додека нема меѓусебно признавање со тие држави, не може да има напредок ниту од аспект на регионалната соработка. На крајот на краиштата, Косово се стреми кон зачленување во НАТО и ЕУ, а не да стане дел од експериментални регионални иницијативи, кои се резултат на неспособноста на ЕУ да ги отвори вратите за зачленување на Западен Балкан, напиша Тачи.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп