Тачи: Верувам дека во 2018. ќе биде потпишан историскиот договор со Србија
Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави денеска оти верува дека следната година со Србија ќе биде потпишан договор за нормализација и помирување, како и дека 2018. може да биде одлучувачка за евроатлантската перспектива на Западен Балкан.
Тачи изјави дека евроатлантската перспектива во голема мера зависи од способноста, храброста и подготвеноста на самите држави да ги надминат меѓусебните проблеми, кои се уште се отворени.
- Јас многу работам на тоа поле, бидејќи не верувам дека нешто друго е поважно од мирот, помирувањето и добрососедските односи. Значи, верувам дека во текот на следната година треба да го потпишеме историскиот договор со Србија за нормализација и помирување, истакна Тачи на отворањето на конференцијата „НАТО и Западен Балкан: Регионални динамики во ерата на глобалните безбедносни предизвици“.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска