Тачи во Брисел ќе бара визна либерализација

Косовскиот претседател Хашим Тачи,денеска и утре ќе престојува во Брисел,каде ќе биде примен од високи претставнци на ЕУ.
Во официјалното соопштение, од неговиот кабинет, стои дека за време на дводневниот престојот во Бирсел, Тачи ќе побара од ЕУ заживување на визната либерализација за граѓаните на Косово.
Претседателот Тачи ќе биде примен и од Претседателот на Советот на Европа,Доналд Турк,со кого ќе разговара за европските итегративни процеси на Косово.
Потоа ќе се сретне со Претседателот на ЕП,Антонио Тајани,од кого ќе побара продолжување на подршката од страна на оваа значајна институција за Косово.
Утре,Тачи ќе се сретне со Претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер,со кого исто така ќе разговара за соработката меѓу Косово и ЕК,стои во соопштението од кабинетот на Тачи.
За време на престојот во Брисел,се наведува во соопштението,Тачи ќе побара од ЕУ заживување на визната либерализација за граѓаните на Косово и забрзување на процесот за зачленување на Косово во ЕУ.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
