Тачи за парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ: Ова е уште еден голем театар
Ова е уште еден голем театар на тие што немаат моќ да ги предводат политичките процеси во државава, посочува лидерот на ДПА, Мендух Тачи коментирајќи ја објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека заедно со пратениците од Алијанса за Албанците/Алтернатива, БЕСА и Левица формирал ново парламентарно мнозинство.
-Ова е уште еден голем театар на тие што реално немаат моќ да ги предводат политичките процеси во државава. Вчерашните актери што ги видовме на фотографијата со Мицкоски само му ги местат коцките на Заев. Можеби несвесно, но му прават платформа за негов камбек. Следната влада ќе биде на чело со Заев, изјави Тачи за „Слободен печат“.
Тој напомена дека не познава друг човек во СДСМ со поголеми капацитети од Заев
Според Тачи, албанските лидери кои вчера се сликаа на оваа фотографија скапо ќе ги чини тоа кај Албанците.
-ВМРО-ДПМНЕ е десничарска партија која не го признава и почитува ниту Охридскиот, ниту Преспанскиот договор, а во новата политичка констелација на Балканот ниту Косово, ниту пак заложбите на државава за членство во ЕУ. Алтернатива сака само да ги зајакне своите преговарачки капацитети во Владата на Заев, а Беса сака само да ги зачува своите места во Владата, па од една страна преговара со ВМРО-ДПМНЕ, а му испраќа сигнали на СДСМ за да си ги зголемат нивните идни преговарачки позиции во Владата на Заев, смета Тачи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
