Тахири: Курти не треба да се урива, паѓа самиот
Поранешната главна преговарачка на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири вели дека актуелниот косовски премиер, Албин Курти „нема потреба да се урива“, затоа што „самиот паѓа“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во објава на нејзината страница на Фејсбук, по повод барањата упатени до Курти од страна на ЕУ и САД за преземање мерки за деескалација на состојбата во северно Косово, Тахири вели дека косовскиот премиер е „во потрага по излез од ќор-сокакот што самиот го создаде“.
По забелешките што му ги упатија на Курти претставниците на ЕУ и САД во врска со неговите дејствија во северно Косово, каде што тамошните Срби протестираат против градоначалниците Албанци, Тахири изјави дека Курти „успеа да наштети на стратешкото сојузништво на Косово со САД“ и дека „ова е првпат Косово да има лидер кој е антиамериканец“.
– Од неговото антиамериканство до неговото донкихотство, Албин Курти успеа да му наштети на стратешкото сојузништво на Косово со Америка! Косово е отворено казнето од САД, изјави Тахири откако пред неколку дена официјален Вашингтон го исклучи Косово од военат вежба „Бранител на Европа 2023“ и најави нови санкции доколку Курти не ги исполни барањата за преземање дејствија за смирување на состојбата во северно Косово.
Ново на Сител
-

Властите во Каракас не знаат каде се Мадуро и неговата сопруга, бараат „итен доказ дека се живи“
-

Следува потопло време, локални врнежи од дожд - пообилни кон средината на идната седмица
-

Уапсено лице од Дебрца, возел со 2,21 промили алкохол во крвта
-

Николоски: Брза пруга на Коридор 10, доизградба на Коридор 8, продолжуваме со крупни проекти во железницата
-

Трамп наредил напади врз Внецуела
-

Димовски: Уставните измени се последната отстапка што Македонија може да ја направи, но само ако добие гаранција од ЕУ
-

Експлозии во Каракас, забележани и авиони во низок лет - Мадуро прогласи вонредна состојба
-

Најстудено во Струмица, најмногу дожд во Лазарополе
