„Тајмс“: САД нема да дозволат Украина да користи „АТАКМС“ во Русија
САД нема да дозволат Украина да користи балистички ракети со долг дострел АТАКМС (ATACMS), кои Украина ги користи во пограничните области со Русија, со цел да се спречи натамошна ескалација на конфликтот, објави „Тајмс“.
Според „Тајмс“, САД може да и дозволат на Украина да ги користи британските и француските ракети со долг дострел за да гаѓаат цели во Русија, а Лондон и Париз на тоа веќе се согласија.
Одлуката, додава магазинот, конкретно се однесува на францускиот еквивалент на АТАКМС, ракетите „Скалп“, како и на ракетите „Сторм Шадоу“, од британско-француско производство.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно вчера изјави дека директното учество на западните земји во конфликтот во Украина ќе ја промени неговата суштина и додаде дека Русија ќе биде принудена да носи одлуки врз основа на така создадените закани.
-Ова ќе значи дека НАТО, САД и европските земји се во војна со Русија. И ако тоа се случи, тогаш, земајќи ја предвид променетата природа на конфликтот, ќе донесеме соодветни одлуки врз основа на заканите што ќе се создадат, рече Путин, пренесен од руските медиуми.
Путин истакна дека земјите од НАТО не само што разговараат за можноста украинската армија да користи ракети со различен дострел, туку и за директно учество во војната.
-Само воениот персонал на НАТО може да ги контролира летовите на овие ракетни системи. Тоа е можно само со помош на сателитски разузнавачки информации, кои Украина ги нема. Поентата е да се донесе одлука дали земјите од НАТО треба да бидат директно вклучени во конфликтот или не, рече Путин.
Тој додаде дека Западот веќе учествува во напади на руска територија со помош на беспилотни летала и други средства што ги користи Украина, но „кога станува збор за употреба на високопрецизно оружје со долг дострел од западно производство, тоа е сосема друга приказна“.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели