Македонија
18. February 2021 - 16:11

Таксист нападнат и ограбен во Скопје од патник кој го превезувал

Вчера во 20.55 часот во Полициската станица Чаир, С.Ф.(43) од Скопје, вработен како таксист, пријавил дека околу 20.15 часот на бул.„Никола Карев“, додека управувал патничко возило „дачиа логан“, со скопски регистарски ознаки, бил нападнат со остар предмет од патник кој го превезувал, при што му одзел пари и мобилен телефон, соопштуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.