-->
-->
Таксист претепан на „Партизанска“, патници го удриле со шише во глава
-->
Вчера во 03.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Ч.И.(40) од Скопје-такси возач, пријавил дека истиот ден околу 01.20 часот на бул. „Партизански Одреди“ во патничко возило бил физички нападнат од две непознати лица. Двете лица
се качиле во такси возилото и сакале да запалат цигара, но тој не им дозволил.
Откако стигнале до бул. „Партизански Одреди“ едно од лицата почнало да го удира по глава,а другото лице со стаклено шише го удрилo во пределот на главата, по што и двајцата побегнале.
На Ч.И. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп