Македонија
20. July 2016 - 15:55

Талевски: Случајот „Транспортер“ е наметната постапка

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, кој е осомничен во случајот „Транспортер“, по денешниот распит во Специјалното јавно обвинителство изјави дека нема незаконитост во постапката со организирање превоз на ученици во Битола.

Според него, овој случај е наметната постапка. - Станува збор за наметната постапка. Не може врз основа на една снимка да се конструира ваква политичка хајка. Постапката е транспарентна и ние ќе го потврдиме и ќе го докажеме тоа, рече Талески.

Во случајот „Транспортер“ градоначалникот Талески и уште 22 лица се осомничени за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, во вредност од 360 илјади евра.