Џет-Сет
1. May 2016 - 12:33

Тамара ја сподели првата фотографија од Хана

 
Тамара Тодевска, која наместо на Ѓурѓовден ја донесе на свет малечката Хана на Велики петок, е пресреќна и се чувствува добро, особено ако се земе предвид дека е активна на социјалните мрежи.
 
На православните верници им го честита Велигден и им посака здравје и спокој, а фановите ги израдува со првата фотографија од малечката Хана.
 
Ова е првата фотографија од најголемата љубов, како што ја нарекува.