Таравари денеска ќе ја објави својата кандидатура за претседател на државата
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, денеска во 10 часот на градскиот плоштад во Гостивар ќе ја објави кандидатурата за претседател на државата. Кандидатурата е поддржана од претседателството на партијата и од Европскиот сојуз за промени, коалицијата на Беса, Алтернатива и Демократско движење.
На прес конференцијата е најавено присуство на Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами и на претставникот на Самоопределување Беким Ќоку.
Арбен Таравари е актуелен градоначалник на Гостивар и претседател на Алијанса за Албанците. Неговата кандидатура доаѓа по расколот во Алијанса во која тој го води крилото кое се залага за опозициски настап на изборите додека поранешниот партиски лидер Зијадин Села и неговите приврзаници сметаат дека партијата треба да настапи со самостојни листи.
До сега во претседателската трка влегоа професорката Ванковска и докторот Вело Марковски. Се очекува свои кандидати да имаат ВМРО-ДПМЕ и СДСМ како и партијата на Максим Димитриевски. Големи се шансите со свој претседателски кандидат да истрча и ДУИ, а таму како најсериозен кандидат се спомнува Бујар Османи
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски