Таравари: ДУИ 22 години беа на власт и ништо не кажаа, а сега од опозиција за два месеци имаат големи идеи
Министерот за здравство Арбен Таравари кој е дел од Коалицијата Вреди, смета дека идеите на ДУИ за озаконување на т.н. „Мајски договор“ и поделба на државата на региони по примерот на Северна Ирска и Белгија ги оцени како несериозни со цел прибирање на политички поени и им поска да бидат конструктивна опозиција.
-ДУИ се паметни кога се во опозиција и што не им текнува. Јас мислам дека ми изгледаат доста несериозни оти 22 години беа на власт, и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ и сите овие идеи можеа додека беа на власт да ги спроведат и сега кога се во опозиција што ќе им текне тоа кажуваат. Јас мислам дека не се сериозни, тоа им е само за политички поени. Ние, посебно политичарите и од позиција и од опозиција, кога зборуваме нешто треба да имаме еден поширок консензус. Јас сум кажал, за се може да разговараме, меѓутоа 22 години ништо не си кажал и сега од опозиција за два месеци имаш големи идеи коишто, искрено се тешко спроведливи. Им посакувам да бидат поконструктивна и попаметна опозија, а не вака да кажуваат работи кои што не држат и тешко поминуваат, рече Тарави на новинарско прашање по посетата на ГОБ „8 Септември“.
ДУИ, како што информираа минатата недела го ангажирале американецот Пол Вилијамс, еден од авторите на Охридскиот рамковен договор, за да помогне во озаконувањето т.н. Мајски договор за меѓупартиското коалицирање по принципот победник со победник. На прес-конференција во Собранието координаторот на пратеничката група на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, Блерим Беџети потврди дека Вилијамс го ангажирале со цел да се прецизира со законско или уставно решение начелото за коалицирање „победник со победник“, кое според нив, се содржи во т.н. „Мајски договор“.
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари