Таравари: Има средства за проширување на позитивната листа со девет нови лекови
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека има средства да се прошири позитивната листа со девет нови лекови, само се чека да се избере новиот Управен одбор на Фондот за здравствено осигрување.
-Има и пари, нема никаков проблем, само чекаме да се избере новиот Управен одбор. Значи, Управниот одбор се уште не е комплетиран. Инаку, од наша страна е испратено пред две недели со согласност од Фондот. Штом ќе има прва седница Управниот одбор на Фондот позитивната листа ќе ја промовираме заедно со директорот на Фондот за здравство, изјави Таравари на новинарски прашања по посетата на Детската клиника.
Според Таравари, не се спорни деветте лекови, тие се прифатени и оти нема да има некаква голема финансиска импликација, повторувајќи дека по 14 или 15 години ќе биде проширена позитивната листа и дека до крајот на годината може ќе има дополнување од уште неколку лекови.
Вчера директорот на ФЗО Сашо Клековски изјави дека очекува за десетина дена да се знае дали ќе има проширување на позитивната листа со девет нови лекови, бидејќи во моментот не е прашање дали има пари или нема пари за девет лекови.
-Ние правиме комплетна анализа. Значи, во функција сме 15 денови. Она што министерката за финансии го истакна е дека во буџетот постојат многу дупки кои ние допрва ги востануваме, изјави Клековски. Според него, во моментот се прави проценка колкави се дупките во повеќе подрачја за заедно со ребалансот, со новите средства, да се направи проценка кои се здравствени потреби можат да се задоволат до крајот на годината.
Ново на Сител
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија
-
Бајден упати остри критики кон републиканците за Законот за заштита на пациентите
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување