Таравари: Раководство на партијата ќе се обиде да најде заеднички јазик со коалицијата „Вреди“ за локалните избори
Партиското раководство на крилото на Алијанса за албанците кое го предводи Арбен Таравари во наредниот период ќе се обиде да најде заеднички јазик со останатите партии од коалицијата „Вреди“ за локалните избори. Ова го кажа Таравари по паузата на четиричасовната седница на собранието на партијата Алијанса за Албанците што се одржува во Гостивар.
- Наредните денови ќе имаме интензивни средби. Приоритет е соработката со Влен, но не исклучуваме ниту други резервни опции. Во наредниов период и централното претседателство ќе се состане и ќе го каже конечниот одговор, рече Таравари по седницата.
Тој додаде дека Алијансата за Албанците останува отворена за сите можности кои им служат на интересите на граѓаните и на најдостојно претставување на Албанците во локалните и централните институции.
Седницата на партиското раководство доаѓа во време кога се зборува за несогласувања во коалицијата и пред локалните избори.
Денеска, кон старото партиско јато се приклучи и Исен Шабани, потпретседател на крилото на АА предводено Зијадин Села и актуелен градоначалник на полошката општина Врапчиште.
Таравари пред седницата на партиското Собрание во Гостивар демантираше дека има намера да се обедини со Зијадин Села и потенцираше дека нема да се дискутира за тоа прашање.
Седницата се уште трае и е затворена за јавноста.
Ново на Сител
-
Мегваер за победата над Лион: Луд натпревар
-
Венеција двојно ја поскапе влезната такса за еднодневни патувања
-
Рубио му пренел на Лавров дека САД можат да се откажат од мировен договор за Украина ако нема јасни знаци дека може да се постигне
-
Приведен 21-годишен кумановец, при претрес на неговиот дом пронајдено е оружје | ФОТО
-
Идентификуван возачот кoj вчера со автомобил „голф“ влечеше врзaн кoњ, известен јавен oбвинитeл
-
Овчи сипаници најчесто акутно заразно заболување во март, пријавени 309 заболени
-
Кривична против поранешен градоначалник на Лозово и две лица за злоупотреба на службена положба
-
Свештена бигорска Обител: Велигден не е време за профит, туку за милосрдие