Македонија
23. February 2023 - 12:04

Таравари: Со антиалбанската реторика ВМРО по следните избори нема да може да најде албански партнер за соработка

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во врска со бројните критики и обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон АА, истакна дека со оваа антиалбанска реторика ВМРО само си наштетува себе си, бидејќи по следните избори нема да може да си најде албански партнер за соработка.

„Со овој речник што го користат ВМРО и Левица, со овој антиалбански вокабулар во секое претставување дека сè што пречи се Албанците, претставува општа атмосфера во државата како да се Албанците тие што ја кочат државата, тие сакаат да го сменат Уставот под секој услов, прават се за да направат дека како Македонците да не постојат или дека се против Македонците. Ова веднаш ќе ја создаде нивната спротивноста. Затоа велам дека ќе има огромен пресврт. Албанија ќе ги продолжи преговорите, ние ќе останеме со бугарското вето, економската криза, бегството на младите и фрустрациите што ќе се создатат на населението воопшто. Потоа, секоја криза носи нови несогласувања кои потоа можат целосно да го збунат функционирањето на државата“, изјави првиот човек на АА, Арбен Таравари во емисијата „Аргумент“ на ТВМ2.

Зборувајќи понатаму за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, Таравари рече дека „крилото контролирано од Русија сака да ме претстави како радикален и корумпиран“.

„Има дел во ВМРО за кои тие знаат, особено членовите на ВМРО, дека таму има руска фракција. Дури и нивните сопартијци знаат дека тоа се случува особено од Николовски кој исто така доминира со Мицкоски, имам впечаток дека не му е грижа и постојано излегува со тези кои не може ни самиот да сфати како да ги искористи. Имаат две цели со таа руска пропаганда, причината е стагнацијата на ВМРО да го претстават Таравари како радикален, како националист, шовинист, ултранационалист и втората е дека сум корумпиран. Ова се двете цели на проруската група на ВМРО. Радикализацијата ја поврзуваат со тоа што го кажав дека ако не се изгласаат уставните измени ќе дојде до радикализација на ситуацијата, а продолжија со колумни, пишувања, во дебати дека Таравари ќе се радикализира, ќе ја дестабилизира државата и ќе сака војна. Со тоа што сакаат да ме прикажат како корумпиран, треба да знаат дека неколку пати сум кажал дека не сум човек што дозволувам да бидам уценуван и не можам да бидам корумпиран. Во тој момент кога ќе ме уценуваат, не се занимавам со политика, одам во пензија. Сега измислуваат нешто што демек некој ми дал нешто за да влезам во владата, куќата во Скопје ја поседувам од 2021 година и ја имам пријавено на анкетниот список“, изјави понатаму Таравари.

Тој јавно го праша Николовски, кој го води ВМРО-ДПМНЕ?

„Кој ја води партијата, тој или Мицкоски и зошто кога излегоа прислушувањата во 2015 година за Николовски немаше прислушување. Нека ми одговори Николовски на ова, има ли нешто што не знаеме и тој треба да објасни“, јавно го праша Таравари потпретседателот и пратеник на ВМРО, Александар Николовски.

Со ова што сега го прави ВМРО, јас таму гледам враќање на “груевизмот“, истакна понатаму лидерот на АА.

 
Алијанса за Албанците