Таравари за излегување на Алијанса за Албанците од Влада одлучува премиерот

Премиерот формира Влада и тој одлучува дали Алијанса за Албанците треба да биде во Владата. Мислам дека треба, но ако тој смета дека не треба, ние немаме никаков проблем. Сепак, да бидеме рационални и да не брзаме, изјави Арбен Таравари прашан дали неговата партија ќе ја напушти Владата со евентуално излегување од коалицијата Вреди (Влен).
Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Куманово денеска, министерот за здравство и лидер на крило на АА рече дека „не мора да значи“ напуштање на Владата ако неговата партија излезе од Вреди затоа што, рече, „владата ја прави премиерот“.
-Сум разговарал со премиерот и повторно ќе разговараме. Доколку тој смета дека Алијанса за Албанците не треба, ние немаме никаков проблем. Меѓутоа мислам дека АА во моментот треба. Но, ако донесат таква одлука, немаме никаков проблем. Не може никој друг да каже освен тој што формира Влада. Ќе видиме во следните денови, да не брзаме, треба да бидеме што порационални во овој период, изјави Таравари.
Смета дека во партиите партнери во коалицијата Вреди има емотивни реакции по неговата одлука АА на Локалните избори да има свои советнички листи. Како што рече, доколку тие се одлучни во тоа што го изјавуваат деновиве, неговата политичка партија ќе ги разгледа опциите за свои кандидати за градоначалници.
Одлучил АА да има сопствени советнички листи, како што рече, „исто како што одлучи и ЗНАМ да излезе со сопствени советнички листи, меѓутоа да има меѓусебна политичка поддршка со ВМРО-ДПМНЕ“.
-Исто и ние му понудивме на Влен – ние излегуваме со наши советнички листи, доколку се подготвени, тука сме. Јас гледам емотивни реакции од тоа што остана во Влен. Овој период треба да бидеме многу внимателни, многу умни и да се обидеме да бидеме што порационални бидејќи се работи за политика. Во овој период не сакам да давам прогнози или да предвидувам, гледам што пооправдано да донесуваме одлуки. На крајот на краиштата, доколку Влен се одлучни во тоа што го кажуваат во овие четири-пет дена, ние како политичка партија ќе ги видиме нашите опции за нашите кандидати за градоначалници, изјави Таравари.
Ново на Сител
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
-

Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег
-

Армијата презентираше дел од современата воена опрема и вооружување во Куманово
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
