Таравари: За Скопје ќе поддржиме кандидат кој нема негативен бекграунд
Во тек се преговори за заеднички настап на претстојните избори, а најверојатно идната недела ќе потпишеме и договори за соработка.
Ова го порача генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во одговор на новинарско прашање за можното коалицирање со опозициските партии на денешната прес-конференција во гостиварскиот огранок на партијата.
Тој исклучи секаква можност за соработка со ДУИ за Скопје, бидејќи како што рече, тие веќе склопиле коалиција со СДСМ.
– За Скопје немаме заземено став, меѓутоа ако дојде до соработка таа ќе се однесува за повеќе општини. Доколку кандидатот за Скопје биде професионалец, од новата генерација политичари, без лош „бекграунд“ ние со Алтернатива сме подготвени да го поддржиме. Скопје заслужува промена, бидејќи овие четири години многу заостана во развојот, напомена Таравари во одговорот за најавите околу коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ.
За почетокот на учебната година во услови на зголемен број инфицирани со Ковид19, напомена дека треба да се размислува за одложување на почетокот за две недели, нагласувајќи дека го поддржува ставот за физичко присуство на наставата. Според Таравари, училишните објектите во Општина Гостивар се подготвени и ги исполнуваат условите за нормален старт на учебната година.
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух