„Таргет-Тврдина“ одложено за 8 октомври
Денешното рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, за незаконското следење на комуникациите, е одложено за 8 октомври.
Судењето е одложено поради тоа што не е добиена одлуката на Апелацискиот суд по жалбата за судење во отсуство на поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски во предметот „Трезор“ и спојувањето на постапката за обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Судијката Џенета Бектовиќ рече дека судењето ќе почне од почеток со главна расправа, поради промена на судечкиот совет.
Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.
На претходните рочиште обвинетите Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Марјан Шумуликовски, Силвана Златкова, Васил Исакоски и Валентина Симоновска се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата за кои се товарат.
Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.
Сашо Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.
Ново на Сител
-
Манев: Со солзи во очите ја закопав Вања откако Палевски со пиштол и перниче во раката и испука куршум
-
Приведен лихвар од Куманово
-
Две жени од Кавадарци и Неготино пријавиле физички напад и закана од сопрузите
-
Песков: Не ја исклучуваме можноста Трамп и Путин наскоро да разговараат
-
ДКСК отвори случај за тендерите во министерството за дигитализација
-
СДСМ: Обвинителството да реагира – корупција во министерството за дигитализација
-
По три обиди за грабнување на 40-годишна жена, по грешка ја грабнале Вања - ,,Особата беше идентична'', вели Манев
-
Таткото на Вања ја напушти судницата откако ги слушна деталите за нејзиното грабнување