Тасевски и Гавровски на средба кај Пендаровски, добија поддршка за професионално функционирање на М-НАВ

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски и членот на синдикалниот одбор Горан Гавровски. На средбата, шефот на државата ги поддржа заложбите на Синдикатот за одржување на професионалното ниво во функционирањето на М-НАВ АД - Скопје.

Претседателот Пендаровски, како што информира неговиот Кабинет, уште еднаш го осуди насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа институција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории. Воедно повика на расчистување на случувањата во најкус можен рок, имајќи предвид дека станува збор за потенцијално загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај.
Пендаровски на средбата го реафирмираше ставот дека ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок и непреченото функционирање на институциите.
Владата денеска треба да одржи седница, на која, како што е најавено, ќе носи одлуки за состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење. Минатата недела осум лица, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ, упаднаа во канцелариите на македонска навигација на аеродромот во Скопје.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеничка
-

Анализа: Амбиција за ЕУ, но и незадоволство од процесот во говорот на Мицкоски
-

Вајц: Напредокот и е потребен на Македонија без разлика дали ќе сакате да се приклучите во ЕУ
-

Левица се приклучува на разговорите за формирање опозициски фронт заедно со платформата 12.05
-

Последните случаи на врсничко насилство повторно го вклучија алармот
-

Контрацепција во Македонија користат само 14 проценти од младите жени
-

Експресниот пат Радовиш - Струмица влегува во подготовка
-

Гасификација, забрзување на изградбата на патиштата и реформи во образованието
