Таткото на Вања на распит во полициска станица
Таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска е на распит во полициска станица. Од Обвинителството велат дека ќе биде задржан и дека се расчистува да се види неговата инволвираност.
Вања исчезна на 27 ноември, а денеска во близина на Скопје е пронајдено нејзиното тело. Во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој се водел за исчезнат од 24 ноември.
За двата случаи, како што информираа вчеравечер од МВР, осомничени се пет лица. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“.
Според информацијата на МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.
Од МВР информираат дека сите осомничени се од македонска етничка припадност.
Убиство извршено од „користољубие“ е дефинирано во членот 123 од Кривичниот законик. Со затвор од најмалку десет или со доживотен затвор ќе се казни тој што: друг ќе лиши од живот од користољубие, заради извршување или прикривање на друго кривично дело, од безобѕирна одмазда или од други ниски побуди, предвидува Кривичниот законик.
Инаку дел од медиумите излегоа со информација, повикувајќи се на извори од истрагата дека полицијата трага по лицето Љ.П. од Скопје, кој се смета за главен организатор и осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска. Тој избегал од државата, според првичните информации и во моментов по него се трага.
Ново на Сител
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија
-
Туск со порака до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна
-
Студентите во Нови Сад велат дека ќе останат на улиците и на мостовите додека правдата не биде задоволена
-
Калабрија се расплака и ја потврди разделбата со Милан
-
Трамп рече дека Венецуела ќе прифати депортирани мигранти, вклучително и членови на криминална група
-
Прегазено 3-годишно дете во Нови Пазар
-
Хеликоптерот што се урна во Вашингтон бил дел од единицата за безбедно евакуирање американски официјални лица
-
Данците во проблеми пред финалето, се повреди најдобриот светски ракометар