Тав Македонија: Сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови
Сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови, информираат од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми.
Оттаму велат дека не се соочуваат со прекини или технички проблеми на нивните системи.
- Факт е дека одредени авиокомпании се соочуваат со тешкотии со нивните системи, но ние преземавме мерки за овозможување на непречени операции на аеродромите, стои во соопштението од ТАВ.
Апелираат сите патници да ги проверат и потврдат информациите за нивниот лет со авиокомпанијата или туристичката агенција преку која резервирале авиобилет.
- Сите аеродромски сектори се во состојба на подготвеност поради глобалниот ИТ прекин и се преземаат сите неопходни мерки за опслужување на нашите патници на најдобар можен начин, дополнуваат од ТАВ.
Поради голем ИТ дефект денеска светските авиокомпании, аеродромите на најмалку четири континенти, здравствените системи, банките, телекомуникациите, медиумите и други компании, институции и организации се соочуваат со потешкотии во работата.
Сè поголем број влади и институции тврдат дека зад големиот технолошки дефект што ги погоди компаниите и системите ширум светот, не стои хакерски напад, а виновникот го наоѓаат во софтверот на компанијата за кибер безбедност CrowdStrike.
Ново на Сител
-
Македонец меѓу загинатите во Нови Сад
-
Почина еден од ранетите во Арачиново
-
Сообраќајка на патот Тетово - Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента
-
Двајца ранети во оружен инцидент во село Арачиново
-
Десингерица или Слаткар | DJ Mats | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 067
-
Анкета на ИПСОС: Граѓаните имаат најголема доверба во Мицкоски
-
СВР Скопје расчисти кривично дело обид за убиство
-
АХВ: Од 41 дом за стари лица, 14 не биле регистрирани како оператори со храна