Џет-Сет
16. јуни 2017 - 15:37

Тажна вест: Почина големата ѕвезда на Хари Потер

Актерот од  култниот филм „Хари Потер“ Сем Безли, кој го играше професорот Еверард почина на 101 година.

Британскиот актер беше роден во Кенсингтон и имаше значајна театарска кариера пред да премине на големото платно.

Тој се појави и во улогата на Џони Инглиш во филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“.

Веста за неговата смрт беше објавена во весникот Тајмс, при што неговото семејство објави: „Актерот почина во сон на 12. јуни, на возраст од 101 година. Погребот ќе одржи на 21 јуни во Мортлејк Крематориумот. Беше сакан зет, вујко и правујко“.

Еверард беше еден од поранешниот главни учители во Хогвартс, и неговиот портрет беше закачен во канцеларијата на Професорот Думблдор.

Тој играше во петтото продлжение на Хари Потер насловено „Поредокот на Фениксот“.