-->
-->
ТАЖНА ВЕСТ: Почина познат актер
-->

Американскиот актер Џин Вајлдер - ѕвезда на кино класиците како „Вили Вонка и фабриката за чоколадо", „Младиот Франкенштајн" и „Жена во црвено“, почина на 83-годишна возраст, пренесоа светските агенции.
Семејството на Вајлдер соопшти дека тој починал вчера, во својот дом во Стемфорд, во државата Конектикат, од компликации од Алцхајмеровата болест.
Вајлдер ја започна својата актерска кариера на театарската сцена во 1961 година, а во светот на филмот пробив направи со својата улога во комедијата „Продуценти“ во 1967 година.
Вајлдер, препознатлив во витканата коса, се прослави во филмовите на познатиот американски режисер Мел Брукс, во кои главно играше збунет лик, кој се нашол во неверојатна ситуација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
