Театарски маратон во Велешкиот театар

На двете сцени на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечер ќе се одржува театарски маратон со три хит претстави од репертоарот.
Маратонот ќе почне во 20 часот со претставата „Театар љубов моја“ од бугарскиот автор Валери Петров, во режија на Деан Дамјановски, во која настапуваат актерките Кица Ивковска, Зорица Панчиќ, Кети Борисовска и Талија Настова. „Театар љубов моја“ е претстава за четири актерки од различни генерации, четири различни биографии и сензибилитети на сцената.
Во 22:30 часот ќе биде изведена претставата „Синиот портокал“ од британскиот автор Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, со актерите Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски. „Синиот портокал“ е драма за современата психијатрија, за застарените методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи.
Од 1 часот по полноќ е најавена претставата „Шумата на моето дрво“ по текст на Сашо Димоски, во режија на Александар Иавновски, во која настапуваат актерот Васил Зафирчев и музичарот Сашко Костов.
- Претставата е ноќна одисеја низ стомакот на една шума која умира, на еден човек што се обидува да најде смисла во својот живот и во својот статус како туѓинец, соопшти Велешкиот театар.
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
