Тече гласањето во Куманово, Липково и Старо Нагоричане
Тече изборниот процес во Куманово, соопшти претседателката на ОИК, Бранкица Димковиќ. Право на глас во најголемата општина во државата имаат 93.986 избирачи кои гласаат на 167 места. Спроед податоците на ДИК, досега се обработени извесен процент на избирачки места во трите општини кои се менуваат од минута во минута.
-Имаме технички проблеми со уредите за биометриска идентификација. Екипите за техничка поддршка постојано се на терен, изјави претседателката на ОИК, Димковиќ.
Гласањето се спроведува тековно и во општина Липково. Технички проблеми на почетокот од гласањето имало со апаратите за отпечаток на прст, информираше претседателката на ОИК, Ајше Демири која посочи дека веќе се надминуваат. Во Липково право на глас имаат 26.042 избирачи кои гласаат на 36 места.
Во Старо Нагоричане право на глас имаат 3.262 гласачи кои правото на глас го остваруваат на 38 места.
-Имаме проблеми со фингерпринтовите на некои места, рече претседателот на ОИК, Марјан Даиловски.
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза