-->
-->
„Течно злато“: Никогаш не ја фрлајте водата во која ги варите тестенините
-->
Баш како и оризовата вода, така и водата во која се вареле тестенините си има свои предности. Само овој пат тие се повкусни, наместо здрави.
Чудесната вода од тестенини може да ви помогне да го финиширате јадењето со фантастичен крем или сос.
Сигурно многу пати додека сте јаделе тестенини во ресторан се прашувате како преливот е толку кремаст, а тестенините сочни, кога вас дома никогаш не ви излегува така.
Заборавате еден клучен момент - до сега секогаш сте ја фрлале тајната состојка.
Професионалните готвачи знаат дека малку од густата и заматена вода во која се вареле тестенините може да го подобри вкусот на целиот рецепт. Таа вода содржи скроб, па со самото тоа може да го згусне сосот и да му даде кремаста текстура.
Потребно е да имате на ум дека водата мора да биде солена и да се додаде на крајот од подготовката на сосот. Плус, ставете половина од мерката за сол од вообичаено.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори