Техеран: Новите санкции се спротивни на желбата на САД да се вратат на иранскиот нуклеарен договор
– Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека новите санкции на САД, воведени против воената програма на Техеран за беспилотни летала, се во спротивност со тврдењето на Вашингтон дека бара враќање на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, објавија државните медиуми.
– Воведувањето нови санкции целосно го одразува контрадикторното однесување на Белата куќа, која зборува за нејзината намера да се врати на нуклеарниот договор, а истовремено продолжува да воведува санкции, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Саид Хатибзаде. Американското Министерство за финансии вчера соопшти дека САД вовеле нов круг санкции за Иран, поврзани со програмата за беспилотни летала на Исламската револуционерна гарда, за која тврди дека ја загрозува регионалната стабилност. Иран тврди дека програмата за воени беспилотни летала се користи за одбранбени цели.
Ново на Сител
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
