Телефоните постојано ѕвонат: За што најчесто се жалат Македонците?

Изминатата недела на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе!“ се јавиле 1.318 граѓани.
Граѓаните најчесто барале совети за покачен крвен притисок, главоболки, настинки, алергиски реакции, симптомна болка и совети поврзани со хронични белодробни заболувања.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
На сите оние лица кои побарале медицински совет на „Ало докторе!“ им била дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
Од ЈЗУ Здравствен Дом Скопје информираат дека 25 доктори се достапни за медицински совет, а повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Од воспоставувањето на оваа телефонска линија на 15 септември 2014 година имало вкупно 92.839 повици со барања медицински совети.
Ново на Сител
-

Системската корупција и нејзиното влијание врз евроинтеграцииете низ очите на млад истажувач
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција „Сите за правично судење“
-

Политичка пресметка за РКЕ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во судир за Ацо Ристов
-

Собрание избра: Ненад Савески е нов државен обвинител
-

Поднесени 27 амандмани за законот за јавно обвинителство
-

Полицајците во контрола на Пулс, се воделе од препишан план
-

Една година затвор за насилникот што ја претепа бремената партнерка до онесвестување и ја будеше со вода за да продолжи
-

Превозот останува со иста цена, поскапеа маслото за јадење и јајцата
