Свет
1. December 2016 - 13:25

Телефонски разговор Ципрас-Меркел

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти неговиот кабинет.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, двајцата лидери разговарале за односите меѓу ЕУ и Турција во врска со кипарското прашање, за спроведувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција за бегалците и за ескалацијата на агресивната реторика на Анкара, стои во соопштението.