Телефонски разговор Мицотакис -Трамп

За потребата за продолжување и продлабочување на одличните односи меѓу Грција и Соединетите американски држави се согласиле грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, и претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на синоќешниот телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, Трамп му честитал на Мицотакис за изборот, а станало збор и за приоритетите на новата грчка Влада.
-Господинот Мицотакис од негова страна му спомена на Трамп дека приоритет на новата грчка Влада е борба со бирократијата и зајакнување на инвестициите. Американскиот претседател му одговори на грчкиот премиер дека тие беа и неговите цели кога тој ја презеде функцијата. Двајцата се согласија за потребата за продолжување и продлабочување на одличните односи меѓу Грција и Соединетите американски држави, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер.
Мицотакис вчера телефонски разговараше и со американскиот потпретседател Мајк Пенс.
Според грчки владини извори, Пенс му честитал на Мицотакис, а во разговорот што траел над 20 минути станало збор за суштински прашања и двете страни се обврзале за дополнително продлабочување на и онака добрите односи меѓу САД и Грција.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
