Телефонски разговор Трамп - Зеленски
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека имал „многу добар“ телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, повторувајќи дека ќе стави крај на војната во Украина дури и пред да ја преземе функцијата во јануари, доколку победи на изборите на 5 ноември.
Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп рече дека како претседател ќе „донесе мир во светот и ќе стави крај на војната што чини многу животи“.
Трамп нагласи дека Украина и Русија ќе можат да преговараат за мировен договор кој „ќе стави крај на насилството и ќе го отвори патот кон напредок“.
Трамп рече дека во телефонскиот разговор во петокот, Зеленски му честитал што станал републикански претседателски кандидат и дека го осудил атентатот врз него минатата сабота.
За време на разговорот со Трамп, Зеленски ја истакна важноста од зачувување на двопартиската поддршка на САД за Украина, пренесува Укринформ.
„Разговарав со Доналд Трамп. Му честитав на републиканската номинација и го осудив страшниот обид за атентат во Пенсилванија. Му посакав сила и апсолутна безбедност во иднина“, напиша Зеленски на платформата „Икс“.
Зеленски ја истакна виталната важност на двопартиската и дводомната американска поддршка во заштитата на слободата и независноста на Украина.
Претседателот на Украина, исто така, изрази благодарност до САД што помогнаа да се зајакне способноста на Украина да се спротивстави на руските напади.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите