Телефонски разговор Заев – Пенс: Честитки до владата на Македонија за договорот со Грција, следува верификација на НАТО самитот на 12 јули
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, синоќа имаше пријателски и срдечен телефонски разговор со потпретседателот на САД, Мајк Пенс.
Американскиот потпретседател упати силни честитки до премиерот Заев и до неговиот грчки колега Алексис Ципрас за покажаното лидерство со потпишување на договорот за решение на спорот меѓу двете земји.
Според потпретседателот Пенс, договорот покажува јасен сигнал дека Република Македонија се доближува кон развиениот западен свет, што ќе биде јасно верификувано на самитот на НАТО во Брисел наредната недела.
Поканата за влез во НАТО, како што рече Пенс е јасен сигнал дека позитивниот резултат од референдумот ќе значи конечно полноправно членство на Македонија во Северно- атлантската алијанса.
Пенс исто така изјави дека САД изразуваат интерес да бидат вклучени и да ги поддржат прогресивните процеси кои следуваат во наредниот период во Македонија, посебно за спроведување на реформите, како и за целосна
имплементација на договорот со Грција.
Потпретседателот Пенс им посака на македонските институции успешни и динамички преговори за членство во Европската Унија, нагласувајќи дека пријателството помеѓу Македонија и САД се продлабочува и зајакнува.
Премиерот Заев изрази благодарност за големата поддршка што ја има Република Македонија од САД во континуитет од времето на прогласувањето на независноста и во сите важни процеси за државата односно интеграција во НАТО и во ЕУ.
Ново на Сител
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички