Телеграма со сочувство од Нишани до Иванов

Претседателот на Република Албанија Бујар Нишани денеска упати телеграма со сочувство до македонскиот претседател Ѓорге Иванов по природната катастрофа што ја зафати Македонија.
Во телеграмата Нишани наведува дека со голема загриженост ги следи вестите за жртвите, повредените и за огромната материјална штета во поплавите предизвикани од невремето во неколку населби и села во Скопје.
- Со длабока болка им искажувам најискрено сочувство на семејствата на загинатите и поплавените, Вам, на граѓаните на Скопје и на цела Македонија и Ве уверувам дека во овие тешки мигови јас и албанскиот народ сме со Вас и Владата на Македонија, стои во телеграмата.
Нишани додава дека се надева на брзо надминување на оваа природна несреќа и враќање што побрзо на нормалниот живот на граѓаните на Скопје и цела Македонија.
Инаку, Владата на Албанија денеска одлучи да испрати првична помош во износ од 100.000 евра за санирање на последиците во настраданите подрачја во Македонија. Владата претходно искажа подготвеност да помогне со се што може.
Ново на Сител
-

Со низа настани Србија го слави Денот на државноста
-

Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка
-

Денес се празнува Сретение Господово
-

Во Пожаране за 24 часа 48 литри дожд, во Тетово 45, во Лазарополе 33
-

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен
-

Техеран: Иран е подготвен да разговара за компромиси за нуклеарната програма
-

Марко Рубио оствари средба со министрите од Г7 за конфликтите што го загрозуваат светскиот мир
-

Одрон на патот Кичево-Гостивар кај Колари, на Лисец-Попова Шапка забрана за автобуси и камиони
