-->
-->
Тенковска граната ја погоди зградата на ОН во западниот дел на Алепо
-->

Тенковска граната ја погоди зградата на ОН во западниот дел на Алепо, оштетувајќи ги најгорните катови, соопшти светската организација.
- Ужасно е што зградата, каде што се наоѓаат просториите на ОН, беше директна мета. Ние остро го осудуваме зајакнатото насилство во целиот град Алепо, што доведе до смрт на голем број цивили, меѓу кои и деца, истакна претставник на ОН во Сирија.
Тој не потврди дали во експлозијата има евентуални жртви и која страна во конфликтот е одговорна за истрелување на гранатата.
Во последните денови бунтовнички групи водат борби во западниот дел на Алепо, кој е под контрола на режимот, со цел да се обидат да ја пробијат блокадата во источниот дел на градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
