-->
-->
Теодосиќ добива наследник во Марковиќ?!
-->
Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Србија, Стеван Марковиќ, би можел да го наследи Милош Теодосиќ на плајмејкерската позиција во тимот на ЦСКА Москва доколу Тодосиќ замине во НБА лигата.
Милош Теодосиќ има можност по завршувањето на оваа сезона да се пресели во НБА лигата, а раководството на ЦСКА веќе почна да бара негов наследник.
Прв избор беше Немања Недовиќ, но тој со голема веројатност ќе ја искористи опцијата која ја има во договорот и ќе остане во Уникаха.
Вториот избор на ЦСКА исто така е од Србија. Станува збор за поранешниот репрезентативец на оваа земја, кој заедно со Теодосиќ ја формираше бековската линија на српската репрезентација.
Марковиќ (29) игра одлично оваа сезона во Зенит, тој во еврокупот и ВТБ лигата има просечен ефект од 11 поени, осум асистенции и четири скока.
Руските медиуми пренесуваат дека ЦСКА на Марковиќ ќе му понуди годишна плата од еден милион долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени