Теористичката „Исламска држава“ презеде одговорност за нападот во Виена
Терористичката ИД презеде одговорност за смртоносниот напад во Виена што се случи синоќа. Тоа се нагласува во соопштението на ИД на нивните канали на Телеграм.
Во пропагандна порака, терористичката група ја поздрави смртта и ранувањето на 30 „крстоносци“ од страна на „војник на калифатот“, пренесува „Индепендент“.
ИД сподели видео на кое Фејзулаи Кујтим, терористот што го изврши синоќешниот напад во Виена, му се заколнува на лојалност на својот водач, Абу Ибрахим ал-Хашими ал-Кураши, на арапски јазик.
Тој позираше со автоматска пушка, пиштол и мачета со која беше вооружен за време на нападот.
Во синоќешниот терористички напад во Виена загинаа четири лица, меѓу кои и напаѓачот, 20-годишен приврзаник на Исламска држава, кој беше убиен од страна на полицијата. Во нападот се повредени 17 луѓе.
Ново на Сител
-
Во Русија лани биле протерани двојно повеќе мигранти
-
Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека
-
Кривична за екс-началникот на Одделот за воздухопловство
-
Димитриевски со Валенсија избори осминафинале во Копа дел Реј
-
Артета: Топката во Лига купот е многу различна од топката во Премиер лигата и мора да се навикнеш на неа
-
Пуштање во употреба реконструирано фудбалско игралиште во Неготино
-
Украина ја нападна нафтената база во рускиот град Енгелс, која служи за стратегиски бомбардери
-
Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра