Тепачка на мајмуни во скопска зоолошка, има и мртви!

Во тепачката еден од мајмуните се здобил со тешки повреди на предната нога по што итно бил пренесен на операција, но не ја преживеал
На 18 декември при меѓусебен конфликт на два мајмуни од видот павијан, едниот од павијаните, познат во јавноста како Дино, како резултат на конфликтот се здобил со тешка повреда на предната нога, информираа од скопската зоолошка.
Како што наведуваат од таму, истиот бил упатен на Факултетот на Ветеринарна Медицина при што било извршено ветеринарна интервенција за санирање на здобиената повреда. За жал павијанот Дино не ја преживеал операцијата.
- Најостро ги демантираме обвинувањата и шпекулациите на Анима Мунди за наводниот несоодветен третман на вработените во Зоолошка градина Скопје, посочуваат од ЈУ Зоолошката градина на Град Скопје.
Од Анима Мунди најавуваат кривична пријава против зоолошка градина.
- Во време кога ветеринаринари во Македонија и во светот оперираат најкомплексни повреди на рбетниот столб, во Зоо Скопје умира мајмунче од повреда на нога. Укажуваме на неопхода јасно да се утврди причината за неговата смрт, бараат од Здружението за заштита на животните "Анима Мунди".
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
