-->
-->
Тепачка на средношколци и во автобус на ЈСП, еве што се случило
-->

Синоќа околу 19.20 часот во автобус на ЈСП бр. 58, кој се движел во насока кон Транспортниот центар.
Според дадената изјава пред полициски службеници од возачот на автобусот добиена е информација дека во наведеното време, на автобуската постојка пред ТЦ „Веро Џамбо“, во автобусот влегла поголема група на младинци на возраст од 16-18 години и откако автобусот почнал да се движи лицата физички нападнале 17 годишен малолетник од автобусот и искршиле едно стакло.
Откако автобусот застанал на постојката на Транспортен центар, сторителите излегле и се разбегале во различни правци. По настанот оштетениот е примен во клиничкиот центар „Мајка Тереза“–Ургентна клиника, каде му се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош, заедно со неговите родители настанот го пријавиле во Полициската станица од општа надлежност „Центар“.
Од страна на полициски службеници од СВР Скопје преземени се мерки за расчистување на настаните при што поради нарушување на јавниот ред и мир со елементи на насилство во Полициската станица од општа надлежност „Центар“ од страна на Единицата Алфа лишени од слобода и повикани се 9 (девет) лица од кои пет лица на возраст од 14 до 18 години како можни сторители на насилството, а останатите во улога на сведоци на настаните. Во
присуство на родители и адвокати на можните сторители извршен е разговор, по што малолетните лица се пуштени додека едното полнолетно лице е задржано во станица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
-

Недостигаат хотели со поголеми капацитет
