-->
-->
Тепачка за Мундијалот во 2026
-->
Фудбалскиот мундијал во 2026 година се очекува да биде еден од најатрактивните досега откако организацијата ја добија трите најголеми земји на Северноамериканскиот континент, САД, Канада и Мексико. Интересот е голем и се пријавиле дури 40 града за да ги понудат своите стадиони и гостопримство за организација на фудбалските натпревари.
Меѓу другите, Њујорк, Монтреал и Мексико Сити изразиле интерес да бидат домаќини...
Толку пријави примила фудбалската федерација на САД, која во соработка со онаа на Канада и на Мексико има намера да го претстави најголемиот заеднички фудбалски проект.
Мундијалот да се игра во три различни, но соседни земји...
Скратениот список на градовите кои би можеле да ги нагостат најдобрите светски фудбалери ќе биде објавен на крајот на оваа година. А се верува дека бројката ќе биде сведена на 20 до 25 кандидати.
Тој список ќе биде ставен во финалната кандидатура, која подоцна ќе биде предадена во ФИФА.
Покрај овие три земји, Мароко најави дека ќе се кандидира за организација на СП, кој тогаш за прв пат во историјата ќе има 48 земји учесници.
Конечната одлука за домаќин на Мундијалот 2026, ќе биде донесена на Конгресот на владеачкото телот на светскиот фудбал во јуни, 2018 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Продолжува потрагата по исчезнатото лице од штипско Степанци, велат од ЦУК
-
Врчак: Последната песна со Андреј ја снимивме неколку дена пред да загине
-
Шокантниот пресврт на Трамп со царините ја фокусираше трговската војна на Кина
-
Русија синоќа ја нападнала Украина со 145 дронови
-
Семејството на Теодора: Зошто иницијативата „Кој е следен“ нема никаков интерес за нашиот случај?
-
Влада: Зголемувањето на платите продолжува
-
Трамп и Путин сакаат Зеленски да си замине: Дали се можни избори додека трае војната?
-
Зеленски: Новите разговори со Американците може да се одржат следната недела