Тери ја заврши својата фудбалска кариера

Поранешниот капитен на англиската репрезентација и на тимот на Челзи, Џон Тери одлучи да ја заврши својата кариера на возраст од 38 години.
Договорот на Тери со англискиот второлигаш Астон Вила истече летото. Тој имаше понуди од Спортинг Лисабон, Спартак Москва и клубови од Кина, но се реши да стави крај на професионалното играње фудбал.
Тери сака да се посвети на тренерската работа. Се шпекулира дека во Астон Вила, би можел да почне како асистент на тренерот Тиери Анри.
Зад себе Тери има 23 години во англискиот фудбал од кои 22 во дресот на Челзи. Со „сините“ од Лондон освои пет титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, Лигата на Европа, четири ФА купа, и три Лига купа.
Со 717 одиграни натпревари е трет на вечната листа по број на настапи за Челзи.
Џон Тери има одиграно 78 натпревари за Англија.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
-

Меѓувладини конференции во Брисел за Црна Гора и Албанија, Македонија изостанува на Европскиот календар
-

Маркетите кои ги зголемиле профитните маржи - ќе бидат предупредени да ги намалат
-

Продолжуваат инвестициите во Охрид
-

Зголемен број на колапси поради топлото - дневно Брза помош има и по 10-тина вакви интервенции
-

ЦЈЗ Прилеп: Не се точни шпекулациите дека е зголемен бројот инфицирани со ХИВ за 50-тина лица
-

Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
