Терористи планирале напад во парискиот деловен кварт Дефанс
Абделхамид Абауд, кој е осомничен дека ги коордиирал терористичките акции од 13 ноември во Париз, планирал напади и врз трговски центар, полициска станица и детска градинка во парискиот деловниот кварт Дефанс.
Ова, како што кави дописникот на МИА од Париз, се најовите откритија од истрагата откриени за радиото РМЦ од страна на еден клучен сведок во овој предмет, жена по име Соња, која го пријавила во полицијата и помогнала да се лоцира Абделхамид Абауд.
Жената која овозможи откривање на најбараниот терорист, кој беше убиен при полициската акција неколку дена по нападите во Сен Дени, вели дека „нема повеќе живот“ и дека „се плаши од одмазда“, барајќи државата повеќе да ја земе предвид „нејзината улога“ во неутрализирањето на терористите.
По нападите во Париз и Сен Дени оваа жена даде витални информации на истрражните органи, се вели во ексклузивниот документ на РМЦ за клучниот сведок на истрагата. Дел од записникот од нејзиното сослушување веќе беше објавен на 27 ноември минатата година од страна на „Валер актуел“.
Сега, Соња, чиј вистински идентитет не е обелоденет, изнесува детали од средбата на која таа ја придружува нејзината пријателка Хасна Аит Булахкен, роднина на Абделхамид Абауд, во Обервилие во неделата вечерта на 15 ноември.
Од незјината приказна, емитувана на видео на РМЦ со изменет глас и скриено лице, се дознаваат многу детали кои им овозможија на француските служби да спречат нов масакар.
Според Соња, таа ноќ во Обервилие ја придружувала Хасна Аит Булахкен на средбата со Абауд, кој бил многу внимателен и барал да му испратат СМС пораката за потврда, пред да излезе од зад една грмушка.
- Тој имаше капа на главата, портокалови патики, за мене тој беше еден Романец. Беше насмеан иј не изгледаше како терорист, вели Соња.
Исто така, според Соња, Абауд бил „горд на себе“. Абделхамид Абауд тврдел дека не дошол сам на француска територија, туку дека со него без официјални документи во Франција „пристигнале и Сиријци, Ирачани, Французи, Германци, Англичани". - Тој рече дека влегле 90 лица и дека тие се насекаде во парискиот регион, сведочи жената.
Во своето сведоштво за РМЦ Соња, појаснува дека Абауд јасно и кажал на Хасна Аит Буланхкен дека сакал да нападне трговски центар, полициска станица и детска градинка во квартот Дефанс во Париз.
- Таа ми кажа дека тоа било планирано за в четврток. Си реков во главата дека ќе морам да го спречам, раскажува Соња.
Таа веднаш се јавила на бројот за итни повици отворен од страна на Министерството за внатрешни работи по нападите од 13 ноември и на истражните органи им дала детали за средбата и вредни информации.
Патрик Бодуен, почесен претседател на Меѓународната федерација за човекови права, за РМЦ објасни зошто Соња решила јавно да проговри за целиот случај.
- Ова е невидена ситуација. Ова е првпат некој да игра толку голема улога со неговото сведочење во вонредна ситуација. Соња е исклучително храбра. Тоа ме погоди кога ја сретнав и ме натера да мислам дека не може да се седи со скрстени раце за состојбата во која се наоѓа, изјави Бодуен.
Ново на Сител
-
Финците по осми пат најсреќната нација во светот, Македонците 86-ти на листата
-
Трамп: Договорот со Украина за ретки минерали ќе биде потпишан наскоро
-
Експлозија во складиште за нафта во Русија по напад на украински дрон
-
Лишен од слобода 44-годишен маж, пренесувал мигранти од Египет
-
МАТТО донира 3,3 милиони денари за семејствата на настраданите во Кочани
-
Најстудено утрово во Берово со минус осум степени
-
ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање за дополнително сместување повредени од Кочани
-
Комеморативно-културна манифестација во Шибеник во чест на жртвите од пожарот во Кочани