-->
-->
Терористичките напади ја чинат Белгија четири милијарди евра
-->
Четири милијарди евра загуба ќе ја чинат економијат ана Кралството Белгија вчерашните терористички напади во Брисел, кои се случија на Националниот аеродром Завентем и во метрото на метро-станицата Малбек, а во кои 31 лице го загуби животот, додека 230 се повредени.
Ова, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, утринава го објави фламанскиот дневен весник „Хет Њусблад“, според кој ова е првична проценка на економските и финансиски експертиза економската штета што белгиската држава ќе ја претрпи од грозоморниот терористички акт.
- Доколку заканата од тероризам опстои подолго или ако дури се случат нови терористички напади, тогаш штетата ќе ескалира уште повеќе од овие четири милијарди евра - ќе рече еден од директорите на банката „ИНГ“, Петер Ванден Хуте во изјава за весникот „Хет Њусблад“.
Токму мерките на безбедност и патролирањето на војниците ширум Белгија изминатите година и три месеци по терористичкиот напад на весникот „Шари Ебдо“ во Париз минатата година, според проценките веќе ја чинат Белгија повеќе од 150 милиони евра.
Причината за високото ниво на безбедност изминатиот период е податокот дека Белгија според бројот на жители (11 милиони жители) има најмногу „странски борци“ во т.н. Исламска држава (околу 500 лица), а и организаторите и најголем дле од извршителите на минатогодишните терористички напади во Париз, исто така се државјани на Белгија, поточно на проблематината бриселска населба Моленбек-Сен Жан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица
-
Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите
-
61-годишник од девизна на починат со полномошно извадил 18.550 долари и 11.750 евра
-
18-годишна скопјанка нападната во влез на зграда во Центар
-
Креариан е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук
-
Врховната рада на Украина ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата до 9 мај
-
Туск: Русија планирала „терористички акции“ во воздух против Полска и други земји
-
Јапонија ќе обезбеди два милиони долари помош за Калифорнија за ублажување на последиците од пожарите