Тешка сообраќајка кај Градско - повредени три лица
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера кај Градско, повредени три лица: Според информациите на МВР. вчера во 13:20 часот на регионалниот пат Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Волво“ со кавадаречки регистерски таблици управувано од Р.А. (41) од Кавадарци и товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од И.А.(48) од с.Арачиново-скопско. По незгодата двајцата возачи и сопатникот од возилото „Мерцедес“ М.Ј. (50) од Косово, со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Градската болница-Прилеп каде од страна на лекар кај И.А. биле констатирани тешки телесни повреди, а со повреди се здобиле и другиот возач и сопатникот. На местото на настанот увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Над 60% загуба на вода во водоснабдителниот систем на ЈП „Исар“-Штип
-
Во вооружена престрелка на Пластичарска загина 29 годишен скопјанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативните форми на туризам се поактуелни на туристичкиот пазар
-
Тема на денот со Павле Воскопулос - „Виножито“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски се поблиску до 2/3 мнозинство во собранието
-
Официјална Атина продолжува да предупредува за непочитување на Преспанскиот договор