-->
-->
Тешка сообраќајка на магистралниот пат Охрид - Кичево - едно лице го загуби животот
-->

Четириесет и тригодишен возач загина во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Охрид - Кичево на спојката со локалниот пат за село Годивје.
Полицијата денеска информира дека несреќата се случила вчера околу 17 часот кога 43-годишниот Лазо Н. изгубил контрола над возилото „застава 101“ и преминал од левата страна на коловозот. Притоа, со предниот дел од автомобилот удрил во бетонски ѕид од шахта за атмосферска вода која била во изградба.
Екипата на брза помош констатирала смрт, а по овластување на јавен обвинител, полициски екипи од СВР Охрид извршиле увид на местото на несреќата. По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатиот и вештачење врз патничкото моторно возило.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
