Тешка сообраќајка во Аеродром, повредени две лица

Две лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 11:30 часот се случила во скопската населба Аеродром.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила на крстосницата од булеварот „Јане Сандански“ со улицата „Васко Карангелески“ во Скопје при што дошло до судир помеѓу патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Е. (68) од Скопје и патничко возило „Фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Л. (33) од Штип.
-Во судирот со тешки телесни повреди се здобила Н.Е. (64) од Скопје-сопатничка во возилото „Ауди“. Таа со друго возило била пренесена во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош. Возачот во возилото „Ауди“, Л.Е. се здобил со телесни повреди, информираат од МВР.
Од полицијата додаваат дека возачот со возило на брза помош бил пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
-

Од отпад до „црно злато“: Рецепт за здрава Преспа
-

Итно да се преземат еврокодовите за поголема безбедност на градилиштата
