Тешка сообраќајка во Македонија - тешко повредени две лица
Уште сообраќајна несреќа ја потресе Македонија, тешко повредени две лица. Според информациите на МВР, вчера околу 15,30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Пекланска река-Бигла се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл “Кавасаки“ управуван од Д.Г.(27) од Виница и патничко моторно возило “Рено“ со делчевски регистерски таблици управувано од Г.С.(48) од с.Драмче-Делчево.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторциклот кој со возило на Итна медицинска помош - Виница бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобила Ј.П. од Делчево сопатник во возилото. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од
Полициската станица Виница и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш